Канцелариската фотелја Kiria се карактеризира со рафиниран дизајн, нежни форми и големо визуелно влијание. Одлична изработка, квалтетни материјали и префинетост во однос на самиот стил. Фотелјата комбинира два материјали: полираниот алиуминиум и лакираното дрво (бука), што додава дополнителна елеганција. Ја има во две висини во однос на наслонот: висока и ниска, а истите може да ги погледнете погоре во категоријата „Наслон за грб“.
Во однос на механизмите, столицата може да биде изработена во три типови на механизми, при што секој важи за одреден модел од фотелјата (погледнете погоре во категоријата „Механизам“): swivel, ME002 и ME004 кои се накратко објаснети во продолжение, а може да ги погледнете тука.
а) ME002 – централен механизам кој овозможува навалување на столицата, со две позиции за заклучување/отклучување. Изработен е од алуминиум.
б) МЕ004 – механизам за навалување нанапред со седум позиции за заклучување, кој се прилагодува врз основа на тежината на оној кој седи со помош на рачката. Содржи и анти-шок систем за заклучување на задниот дел т.е. наслонот за грб, со помош на вградено копче.
в) Swivel – стожер т.е. основа која може да се врти.
Што се однесува до финишот, истата може да биде во три категории на штоф (B, C или D) и две категории на кожа (Е или G), врз основа на кои и цената ќе варира. За детално да ги погледнете финишите и нивните бои, соодветно на категоријата, кликнете тука.
Раконаслоните може да бидат во 3 верзии. За детално да ги погледнете, кликнете тука
Фотелјата може да биде изработена и во останати варијанти како на пример без тркала, чии цени варираат со разните комбинации. Доколку сте заинтересирани за истите, ве молиме да ни се обратите.
Рецензии
Сеуште нема препораки.