Канцелариската фотелја Alfa претставува еволуција на класичниот дизајн и совршено се вклопува во современите канцелариски простории. Хромираните и алуминиумски елементи додаваат стилски акцент на окружувањето. Ја има во две висини во однос на наслонот: висока и ниска, а истите може да ги погледнете погоре во категоријата „Наслон за грб“. Достапни се две опции на раконаслони: со полиран алуминиум и тапациран дел на врвот или пак црни пластични (најлон). Исто така и базата може да биде изработена од црна пластика или полиран алуминиум, врз основа на кои цените варираат.
НАПОМЕНА: Цените кои се наведени во зависност од комбинацијата на материјалите се однесуваат на столицата СО ЦРНИ ПЛАСТИЧНИ РАКОНАСЛОНИ И БАЗА ОД ПОЛИРАН АЛУМИНИУМ, СО ЦРНИ ПЛАСТИЧНИ ТРКАЛА СО АВТОМАТСКО ЗАКОЧУВАЊЕ!
*Доколку одземете 2.612 денари од цената која ја добивате при погорната пресметка, ја добивате цената за фотелјата со пластична црна база.
Во однос на механизмите, столицата може да биде изработена во три типови на механизми, при што секој важи за одреден модел од фотелјата (погледнете погоре во категоријата „Механизам“: swivel, ME001 и ME003 кои се накратко објаснети во продолжение, а може да ги погледнете тука.
а) ME001 – централен, челичен механизам кој има една позиција за заклучување/отклучување.
б) МЕ003 – механизам за навалување нанапред со четири позиции за заклучување, кој се прилагодува врз основа на тежината на оној кој седи со помош на рачката. Содржи и антишок-систем за заклучување на задниот дел т.е. наслонот за грб.
в) Swivel – стожер т.е. основа која може да се врти.
Што се однесува до финишот, истата може да биде во четири категории на штоф (А, B, C или D) и три категории на кожа (Е, F или G), врз основа на кои и цената ќе варира. За детално да ги погледнете финишите и нивните бои, соодветно на категоријата, кликнете тука.
Фотелјата може да биде изработена и во останати варијанти кои ги гледате на фотографиите, како на пример без тркала, со целосна алуминиумска база, со метални раконаслони или со санка, чии цени варираат со разните комбинации. Доколку сте заинтересирани за истите, ве молиме да ни се обратите.
Рецензии
Сеуште нема препораки.